МКЦ слави роденден со културен маратон

17 јануари 2015

Од установата каде досега многупати сме посведочиле на бројни културни настани, МКЦ (Младински културен центар), вечерва по четврти пат со низа активности се одбележува 42-от роденден од постоењето. Оваа 2015 година МКЦ уште еднаш се приклучи кон славење на меѓународниот ден „Роденден на уметноста“ и по тие два големи поводи, присутните гости уживаа во атрактивна мултимедијална програма.

Се стартуваше со изложбата на академскиот сликар Александар Станкоски, насловена „Простор , Човек ,Симбол“. Циклусот слики, цртежи и графики  е работен во изминатиот приод од три години и се фокусира на актуелни случувања од општеството.

-Младински културен центар  е значајна институција за македонската култура затоа што пред се има  доста голема традиција и отсекогаш ги стимулира алтернативните облици на уметност. Делата од изложбата  „Простор , Човек ,Симбол“ се насочени кон одбележување на историјата, трагање кон корените, многу полемики и дебати од најновите случувања. Ова е прва поставка, но верувам и понатаму ќе има некој сличен проект, изјави Станкоски.

Покрај восприемањето на уметничките дела на Станкоски, во кино Фросина го проследивме и поетско- сценскиот перформанс „Песнило“ во кој учество земаа поголем број имиња што  ја негуваат поезијата. Истата  автентичено се стави во функција на неконвенционален начин, односно поетски израз кој преку формата на перформансот има  цел на сцената да  прикаже нова димензија на говорење на стихот.

Дел од поетскиот перформанс „Тастатура“ Дел од поетскиот перформанс „Тастатура“

Присуството на публиката беше најголемиот подарок за организаторите кои  возвратија со  програма што ги задоволува сите вкусови. Музичката кулминација оваа  вечер се случува на сцената во Дансинг салата на МКЦ, каде  пред верната публика на музичките спектакли  настапуваат пет  домашни бендови: SIZ, KNNT, AUTMIND, SUSIJAT, FIGHTING WINDMILLS,  плус  атмосферата дополнително ја загреваат звуците на тројцата музички селектори: Саша Павловиќ, Соња Исмаил и Шурбе.

Љубителите  пак  на седмата уметност кои овој викенд одлучија да го поминат со гледање филмови, ја искористија приликата бесплатно во кино Милениум да погледнат филмски хитови кои се прикажуваа во текот на денот. Филмскиот маратон продолжува и во текот на ноќта, а завршната проекција на филмот „ФИФА: Обединета страст“, ќе започне во 08.ч и 30м. наутро.

Срееќен 42-ри роденден МКЦ!

Објавено:
17 јануари 2015
Категорија: 
Култура