Младите дизајнери на пазарен испит на Саемот за мебел

23 март 2015

Два македонски дизајн бренда предводени од младите дизајнерки КатеринаТрпковска- Rinocca и ТамараГеоргиевска- We and Nature, кои забележаа огромен интерес од страна на публиката на Скопје Недела на дизајн во 2014 за нивните производи, решија да застанат рамо до рамо со децениски етаблираните мебел производители и да настапат на Саемот за Мебел 2015.

Rinocca, Катерина Трпковска Rinocca, Катерина Трпковска

Не треба да се врши никаква финансиска или пазарна компарација помеѓу овие два скоро формирани бренда и веќе препознатливите фабрики за мебел, но секако дека треба да се почитува храброста на младите дизајнери и нивната иницијатива на здружување. Од претприменички и дизајн аспект значајно е што двете дизајнерки демонстрираат претприемнички дух,пазарна свест и потреба за пласман.

We and Nature, Тамара Георгиевска We and Nature, Тамара Георгиевска

 

„Во општ недостаток на претприемништво кај младите лица во земјава оваа иницијатива која е целосно незначителена за економијата но е огромна за дизајн секторот во Македoнија, поттикнува младите креативни умови да ја побараат својата среќа во креирање на сопствени брендови со кои самостојно ќе настапат на пазарот, најпрво на домашниот, а потоа и на странските пазари. Од таа гледна точка овие саемски настапи се многу значајни за правилен и одржлив развој на дизајн секторот во Македонија. Дополнително, преку ваквитекомерцијални излагања  дизајнерите не добиваат критика само од „урбаната” заедница, туку се ставени во позиција да се борат со големите комерцијални брендови низ кој процес брзо ќе ја научат лекцијата на пазарни вредности“ велат во своето соопштение до јавноста, Public Room.

Оваа година, Саемот за мебел ќе се одржи од 24-ти во 29-ти март на Скопски саем.

Објавено:
23 март 2015
Категорија: 
Култура