„Мода меѓу редови“ во Штип

30 мај 2016

Студентите на Технолошко техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип под менторство на Сања Ристески заедно со членовите на тимот IKBKG организираат ревија на тема „Мода меѓу редови“. Настанот, кој е од мултимедијален карактер, ќе се одржи овој вторник (31.05.2016) во Националната установа Библиотека „Гоце Делчев“ Штип со почеток во 13 часот.

Младите креативци кои преку својата ревија прават спој на модата и пишаниот збор ќе ја пренесат пораката дека образованието е најмоќното оружје на светот.

„Човек станува мудар не со сила, туку со читање”, е еден од цитатите  со кои организаторите го најавуваат настанот, а е  од Џордано Бруно.

Тие ги покануваат сите заинтересирани да присуствуваат на невообичаен моден настан кон инспирира читање, кој инспирира едукација или едноставно - кој не’поттикнува да бидеме поголеми мудреци.

„Повелете на ревијата која на дланка ви го нуди она што со убав збор го испишаа повеќемина млади со креативен ум, под менторство на исклучителен професионалец од модната дизајнерска фела. Повелете, и бидете вие тие коишто ќе ги испишат преостанатите страници од книгата“, велат организаторите во соопштението за медиуми.

Ти додаваат дека ревијата дополнително ќе ја зачини изложбата на модни фотографии, така што ова дефинитвно е настан кој ја развира вашата имагинација и прави да читате меѓу редови.

Објавено:
30 мај 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
602 пати