Студентите на Технолошко-техничкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев" во Штип под менторство на м-р Сања Ристески, завчера на домашната публика и приредија вистинско уживање на модната ревија на која прикажаа свои уникатни дизајни на темата „Во светот на бајките".
Модната ревија која вклучуваше имагинативни, разиграни и бајковити дизајни, беше надополнета и со изложба на истата тема.
" Не сакам да се навратам на вчера, бидејќи вчера бев друга личност. Доколку вчера беше убаво ќе траеше и денес.. Но, денес не е вчера, и утре нема да биде денес. Денес го открив својот магичен свет. Денес почувствував љубов " – го пренесува своето доживување Ана Ѓорѓева, една од студентките која учествуваше на ревијата.
Во галеријата погледнете дел од модната ревија и изложбата.