На која возраст си заминуваат децата од домот на родителите на Балканот и во светот?

11 ноември 2019

„Еуростат“ минатата година спроведоа истражување за просечната возраст на која децата го напуштаат родителскиот дом во Европа. Резултатите покажаа дека речиси секаде низ светот возразта е над 25 години.

Во 2017 година пак, 35.3 проценти на мажите на возраст од 25 до 34 се уште живеат со родителите, споредбено со 21. 7 проценти на жените на истата возраст. Најмал процент на млади луѓе кои живеат со родителите има во Данска (само 3.2 проценти), Финска (4.7%) и Шведска (6%).

Најновото истражување покажало дека, најголем процент на деца што живеат со родителите е во Хрватска (59.7%), потоа Словачка (57%) и Грција (56.3%).

Од друа страна, последното истражување на „Статиста“ за 2018 година покажа дека просечната возрасна граница кога младите во Црна Гора ја напуштаат семејната куќа е 32.8 години. Хрватите овде се на второт место - 31.8 години, а Словаците се трети со 30.9 проценти. Четвртото место им припаѓа на Италијанците кои си заминуваат од дома на 30 години.

„Младите луѓе во Канада, Австралија, САД, Британија и другите делови од светот, се активни во обезведување на дневна грижа за членовите од семејството, вклучувајќи ги родителите, бабите, дедовците, браќа или сестри... Членовите на семејството се уште се борат да ги пополнат дупките од здравствениот систем, кој не им обезбедува соодветна грижа и не ги поддржува луѓето со хронични болести, попречености физички и ментално... И тоа влијае на резултатите зошто односно кога младите ја напуштаат родителската куќа. Во многу од семејствата на пример, внуците се грижат за бабите и дедовците и финансиски и секако. А третата причина е културата. Индивидуалноста и осамостојувањето не е норма во многу од културите“ се вели во истражувањето.

Покрај другото, во многу од земјите, луѓето често ги мешаат поимите „независен' и „сам“. Живеењето во родителскиот дом има свои позитивни и негативни страни, но на крајот сепак зависи од семејството. Сепак, финансискиот проблем е најчестата причина за одложувањето на одлуката да се живее сам.

„Гардијан“ излезе со податоци дека бројот на млади куѓе кои живеат со нивните родители се зголемил во последните 20 години. 

На пример, во 1997 година во Британија 19.48% од младите (од 20 до 34 години) живееле со родителите, а во 2017 година, процентот излегува 25.91.

Во 2016 година, Македонија била една од водечките земји во ваквиот тренд. Според тогашните податоци, 3/4 од младата популација се уште живее со родителите.

Објавено:
11 ноември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
566 пати
Тагови: 
дом родители
Извор: 
boredpanda.com