Првиот голем светски концерт за 2020 година во организација на „Авалон“ ќе биде оној на најпопуларниот и најпродаван женски гудачки квартет на сите времиња „Бонд“ (BOND). Овие дами за прв пат доаѓаат во Скопје со гала концерт, кој е закажан за 20-ти март во „Македонската филхармонија“.
Квартетот „Бонд“ е супербренд со милионска армија на обожаватели низ целиот свет. Нивното музицирање е извонреден чиин на пркосење со стиловите. Се сметаат за најпродаван гудачки квартет на сите времиња. Црпат инспирација од класичните, латинските, фолк, џез, рок, електро, индиските и стиловите од Средниот Исток.
Од првото деби, квартетот, нарекуван уште и „Spice girls на класичната музика", има продадено неверојатни 5 милиони албуми низ целиот свет, имаат 56 платински и 15 златни тиражи на своите изданија.
Од основањето на квартетот, па до денес, имаат огромен број на настапи низ Европа, Америка, Австралија, Централна Америка и Азија и секогаш распродадени концерти.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба в петок (07-ми февруари) во 09 часот наутро и истите ќе може да ги набавите исклучиво во Avalon music & ticket store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории:
Classic seats – 1990 денари
Ultra VIP seats – 2990 денари
„Бидете брзи, ова е навистина уникатна можност да се видат „Бонд“ во току мал простор“, порачуваат од продукцијата.