Најсмешната скулптура!

31 март 2017

Ја нарекуваат една од најстрашните скулптури на модерното време, а последниве 48 часа е исмејувана на интернет постојано.

Се работи за скулптурата на Роналдо изработена од Емануел Санто која беше откриена на португалскиот аеродром, предизвикувајќи бура од смеење меѓу присутните.

Авторот на ова дело за Гардијан ќе изјави: Невозможно е да ги задоволиш и Тројанците и Грците. Ова е работа на вкус и не е така едноставно како што ви изгледа на прв поглед. Секогаш има можност да се направи разлика и јас бев подготвен на сите овие критики. Користев фотографии кога работев на скулптурата кои ги најдов на интернет, но ништо посебно. Само ги поставив фотографиите пред мене и почнав да работам.

Роналдо се појави на оваа церемонија и кога ја виде склуптурата не можеше да издржи, а да не се насмее.


Како што ќе додаде самиот уметник: Роналдо ги видел фотографиите што ми ги испрати брат му и му се допадна мојот процес на работа. Ме замоли само да внимавам на одредени мимички бори кои му даваат експресија на лицето, особено кога се смее. Ми побара само да го истенчам малку, но од она што го виде беше задоволен.

Секако ако се работи за стрип можеби и ќе помине оваа скулптура, но не можете да не се насмеете кога ќе ја видите.

Објавено:
31 март 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
208 пати