Нов триумф за „Медена земја“: Љума и Даут добитници на престижната награда за најдобра кинематографија на ASC

26 јануари 2020

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја" се наградени од Асоцијацијата на кинематографери на Америка (ASC) за најдобра кинематографија за Документарен филм, на 34. издание на манифестацијата што вчера се одржа во Холивуд.

Наградата на нашите кинематографери им ја врачи режисерот на „Џокер", Тод Филипс, потенцирајќи дека ова е златно време на документарен филм, а дека и самиот ја започнал својата кариера во тој жанр.
„Најважната награда што еден кинематографер може да ја посака. Благодарам ASC", напиша Љума на својот профил на „Фејсбук".

Самир Љума

Во својот пат до Оскарите, каде „Медена земја" е прв македонски филм номиниран во две категории, освои повеќе од 15 престижни признанија во сферата на документарниот филм, меѓу кои и трите награди на „Санденс", „како и наградата за „Најдобар документарец" на Националното друштво на филмски критичари и на Друштвото на филмски критичари во Њујорк.

Фејми Даут

92-то издание на Оскарите ќе се одржи на 10 февруари, а во досегашната историја ова ќе биде едно од највозбудливите за нашата земја.

 

 

 

Објавено:
26 јануари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.024 пати