Омилените градови на џезерите

6 мај 2017

Во Македонија вистински џезери нема многу, повеќето се само за време на џез фестивалот. Тоа е жанр кој или го сакате или не го сакате, но уште повеќе кој или го разбирате или не.

Вистинските вљубеници во џезот веројатно и ги познаваат омилените градови на џезерите, но за оние што можеби допрва се запознаваат со оваа музика, или прават план за тоа каде ќе прошетаат актуелнава сезона, градовите подолу ќе бидат и повеќе од добредојдени идеи.

Инаку, оваа листа е направена благодарение на соработката на австралиското издание на порталот „Буро 24/7“ и веб страна за патувања „The Lux Nomad“. Па дури и да не сте љубители на музичкиот жанр во целост, веруваме дека предлог-агендата ќе ви биде интересна:

Њу Орлеанс

Овој град се смета за извор на американскиот џез, го слави во сите негови облици. Дел од најголемите џез музичари на сите времиња, меѓу кои и Луис Армстронг се родени токму во овој град. Имајќи го сето ова на ум, низ улиците, берберниците, клубовите и кафулињата на овој град често ќе слушнете џез звуци.

 

Њујорк

И Њујорк има богата џез историја, а посебно е познат по создавањето на блузот, како и бендовите кои го развија и свингот, малку побрза музика на која луѓето можат да танцуваат.  Градот и денес се труди да го приближи џезот на младата популација, во што многу помагаат неповторливиот Бродвеј, како и бројните урбани фестивали, како „Winter Jazzfest“.

 

Париз

Да, Париз не е само град на модата. Приказната со џезот започнува во текот на Првата светска војна, каде локалните жители го запознаваат благодарение на афроамериканските војници. По завршувањето на војната, многу музичари се одлучуваат да останат во главниот град на Франција, а токму тоа време се смета и најдобро за овој музички жанр. Отворени се многу клубови и барови кои и денеска работат и ја негуваат оваа музика. Францускиот џез обединува звуци од авангарден џез до босанова.

 

Хавана

Вистинските џезери знаат дека овојг рад е мошне променлив, но и дека во тоа се крие неговата убавина. На Куба, џез доаѓа како мешавина на салса, тимба и румба, а може да се слушне на секој чекор. Танцот на улица е нешто сосема природно и истовремено и прекрасно за Хавана. Се верува дека жителите на овој град се едни од најискрените почитувачи на оваа музика, која ја практикуваат како „лек“ кога животот не е како што сме замислувале.


Токио

И за крај Токио. Веројатно сте изненадени од ова, но Јапонците навистина уживаат во џез. Како запознала таа љубов никој не знаае да објасни во целост, но се претпоставува дека почнува во текот на 1920-тите години, како влијание од американските војници на Филипини. Во Токио нема многу џез клубови, но тие што постојат се толку впечатливи и автентични што ќе бидете воодушевени.

Објавено:
6 мај 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
101 пати
Извор: 
Buro 24/7.hr