Годинешниов „Макфест" ќе се одржи на 21-ви и 22-ри октомври, традиционално во Штип, а се најавува дека овојпат ќе биде во посебно руво.
„Ќе биде посебно, бидејќи на сцената во домот на културата во Штип ќе настапат едни од најголемите имиња од македонската естрада. Како што веќе ве информираме, после неколку години на фестивалот се враќа Тамара Тодевска, ќе ги видиме и момците од рап-дуото „Два Бона", потоа Пајак и Лара Иванова, Ламбе Албакоски, Викторија Лоба, еворвизиската преставничка Андра Коевска, атрактивната Андријана Петрушовска и уште многу други", велат од организацијата на фестивалот.
Но, покрај македонските ѕвезди, на фестивалот ќе настапи и еден од најпопуларни рок-имиња во регионот, популарниот пејач Ален Исламовиќ.
Неговото музичко „си-ви" е навистина богато, а она што ја обележа неговата кариера е една од најпопуларните групи на сите времиња, легендарните „Бело Дугме".
„Со Ален стапивме за пет минути во контакт, а мислам дека за уште пократко време ја прифати нашата понуда да учествува на фестивалот. Сите добро знаеме колку значи неговото име за југословенската поп-рок сцена и поради тоа ни претставува чест и привилегија што ќе биде дел од 37-то издание на фестивалот". Ален издава и нов албум и мислам дека го побаравме во вистинско време. Првиот сингл од албумот тој ќе го промовира на Макфест - изјави уметничкиот директор на фестивалот Роберт Саздов.