Погледнете зад сцена на снимањето на новиот спот на The Protagonist

3 март 2016

По одличната реакција на публиката за првиот албум на алтернативниот македонски бенд The Protagonist, "No Exit Museum", R.S Rush и Кузман мотивирано и со голема креативна енергија веќе посветено работат на вториот албум „Absolute Attitude".

Новиот албум го најавуваат со синглот „Love Stream" за кој периодов се подготвуваше видео записот, а од каде ексклузивно ви пренесуваме дел од амбиентот „зад сцена".

„По издавањето на нашиот прв албум , "No Exit Museum", со кој сме презадоволни од секој аспект и го достигнавме она што го сакавме, јас и Кузман, секој во својата креативна зона почнавме да работиме на нов материјал. Пред да почнеме да креираме за новиот албум, знаевме дека во никоја смисла нема да играме на сигурно т.е да се повториме со тоа што го работевме и креиравме во првиот албум. За новиот материјал баравме друг пристап кон самите песни, со користење на повеќе гитари и како што испадна, имаме многу интересен баланс на живи инструменти и електроника, па самиот албум ќе биде еден интересен микс на епски траки со траки како што е „Love Stream". Тргнавме на едно музичко патешествие и воопшто не застанавме додека да дојдеме до моментот кога можеме да кажеме дека тоа е тоа. Морате да се изненадите самите себеси за да можете да ги изненадите и другите", вели Rush, главен вокал во бендот.

Инаку „No Exit Museum" помина одлично и кај интернационалната публика, па два сингла од овој албум влегоа и во официјалната Топ 20 листа на MTV Adria. Истиот може бесплатно да го симнете на www.theprotagonistofficial.com.

Објавено:
3 март 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
182 пати