Познат датумот на одржување на 25 издание на „Златна бубамара на популарноста“

25 март 2022

„Радио Бубамара“ веќе извесно време најавуваше дека наскоро повторно ќе гледаме „Златна бубамара на популарноста“, а вчера на социјалните мрежи го соопшти и датумот на одржување.

Јубилејното 25 издание ќе се одржи на  12 мај, во спортската сала „Борис Трајковски“. 

Дополнителни информации за темата и картите се' уште нема.

Инаку, поради пандемијата, минатата година гледавме микс од видео поздрави и најдобрите моменти од претходните години. Со оглед на тоа дека публиката одамна немала можност да присуствува во живо на овој единствен настан од овој тип кај нас, ќе биде навистина интересно да видиме што ќе подготват за 25 години постоење на манифестацијата.

А ако на тоа се додадат и мноштвото политички и општествени случувања, сигурни сме дека материјал не им недостасува.

Инаку, досега „Златна бубамара на популарноста“ се одржуваше традиционално кон крајот на февруари/март. Идеен творец и организатор е Ранко Петровиќ, односно „Радио Бубамара“.

Објавено:
25 март 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.516 пати