Ребис го организира шестиот IDF

26 мај 2016

Студиото Ребис како член на федерацијата International dance fest (IDF) по шестти пат во Скопје го организира овој интернационален танцов фестивал.

Како што најавуваат организаторите, во рамките на фестивалот ќе учествуваат танцови клубови од Балканот и пошироко со околу 1000 - 1200 учесници.

„Ребис по 6-ти пат го организира овој голем настан со цел да се придонесе повеќе за развој на македонската танцова уметност. Учесниците се натпреваруваат во разни категории и се бодувани од страна на образовани судии", велат организаторите.

Натпреварот ќе се оддржи на 28-ми мај во спортската сала „Форца".

Објавено:
26 мај 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
166 пати