Школски пример како се кршат стереотипите...

29 октомври 2020

11-годишни ученички во училиштето „Stella Maris" во Сиднеј, Австралија учат практични механички вештини како дел од нивната основна училишна програма, со што ги рушат родовите стереотипи.

Да се смени гума на автомобилот, научат основните чекори во одржување на истиот, да се провери нивото на маслото или што да се направи во случај на сообраќајна незгода, е дел од практичната настава што задолжително ја изучуваат овие ученички со цел да се изградат во независни личности подготвени за животните предизвици на секојдневието.

Така е поставен еден одличен образовен систем што практично укажува на тоа како може да се анулираат постоечките родови стереотипи во современото општество.

Идејата на оваа програма е покрај основните училишни предмети, младите луѓе да изучуваат и практични животни вештини кои ќе им помогнат при снаоѓањето во секојдневни ситуации.

Затоа училиштето на страните на своите социјални мрежи објави пост со наслов „Основни животни вештини", покажувајќи пример како во нивната образовна програма е имплементирана оваа идеја.

Програмата во организација на „Галматик" (училиште за одржување на автомобили, наменето за жени), вклучува групи од 40 ученички кои во практична настава ги изучуваат овие вештини, а на годишно ниво се обучуваат дури 100.000 тинејџери.

Извор: Bored Panda

Фото: Galmatic Garage, Stella Maris College

Објавено:
29 октомври 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
363 пати