Велестово меѓу најдобрите дестинации во Европа според Condé Nast Traveler

15 март 2023

Кога сакаме да најдеме дом, далеку од дома, макар и на неколку дена, најчесто ги разгледуваме понудите на Airbnb. Оваа платформа нуди буквално секакво сместување, од стаклени кабини и замоци до приватни вили и рустични колиби.

Веб страната за патувања Condé Nast Traveler креираше листа на места во Европа кои вредат да се посетат, а тука се најде и една наша дестинација - Велестово.

Се потенцира дека секое од избраните места го раководат одлични домаќини, имаат рејтинг над 4,8, нула откажувања и одговараат прилично брзо, што значи дека веднаш ќе бидете информирани за сè.

Нашето Охридско Езеро, е опишано како едно од најпосетените места во земјава, познато по бистрата сина боја и големиот биодиверзитет.

Токму една вила во Велестово, го привлече вниманието и беше ставена на листата топ 39 дестинации во Европа. Погледот на езерото од ова сместување со две спални, е навистина прекрасен.

Станува збор за едноставна, помалку рустична и многу удобна вила, а она што го одзема здивот е преубава природа.

Condé Nast Traveler дава и краток опис на Охрид, како град со многу цркви, тврдина, а нагласува дека една од најубавите градби е токму Свети Јован Канео.

Фото: Airbnb

Објавено:
15 март 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
577 пати