Видео: Мерсиха Шукри свири блуз на харфа!

27 мај 2020

Денов заслужува блуз. И тоа блуз на харфа!

А како звучи во изведба на нашата позната харфистка Мерсиха Шукри, ви пренесуваме преку видео што таа го снимаше деновиве, во домашна изолација.

Фото: Драган Митрески

„Живееме во период кој е многу стресен и неизвесен. Добив спонтана желба и идеја - да споделам зрак светлина, малку радост и насмевка да измамам на лицата на оние кои ќе чујат, видат. Знам дека харфата буди интерес кај секој човек и затоа одбрав и дело кое е забавно, весело, го подобрува расположението – „New Blues" од Deborah Henson. Се надевам таа позитивна енергија од тој карантински блуз, успеав да ја пренесам на што поголем број луѓе", вели Мерсиха.

Уживајте!

Објавено:
27 мај 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
298 пати