Време за журка на плажа – Green beach festival

26 јули 2016

Green beach festival, најголемиот фестивал на електронската музика кај нас, како што најавуваат од Пасворд продукција, годинава ќе се одржи по седми пат и тоа со најбогата програма досега, на 30 и 31 јули.

Локацијата е традиоционално плажата Парк во Охрид, каде нѐ очекува препознатливиот грандиозен подиум на највозбудливата летна журка. Покрај најдобрата поунда на светски етаблирани изведувачи како што се AME, DUBFIRE, BLACK COFFEE и JAMES ZABIELA, подеднакво атрактивна е и листата со 10 од најистакнатите домашни артисти со кои Green beach festival оваа година ја збогатува својата програма. Во овој дел од програмата, со свој сет ќе се претстават Александар Видиновски, Горан Кан, Илина Ангел, Lephonq, Марјан Стојановиќ – Маци, Мирко Попов, Никифор, Стојче, Томи Бојаџи и Флудер.

Со вкупно 14 изведувачи, организаторите на фетивалот, Пасворд продукција ветуваат врвно доживување и уште едно моќно издание на омилениот летен настан за фановите на електронската музика.

Објавено:
26 јули 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
380 пати