За крај на 2018: Џибони во Скопје како ѕвезда на вечерта на „All You Need Is Love Festival“

25 октомври 2018

Од „Авалон продукција“ најавуваат голема предновогодишна журка. Како и досега, декември е месецот кога се одржува „All you need is love“ фестивалот.

Годинашното издание е резервирано за недела, 23-ти декември во ВИП Арената „Борис Трајковски“, а главна ѕвезда на вечерта ќе биде регионалната ѕвезда Џибони.

Другите изведувачи ќе бидат познати во понеделник, на 29-ти октомври, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба преку avalon.mk од среда, 31-ти октомври во 09 часот, по следниве цени и категории:

 

ПАРТЕР- 700 денари

ФАН ПИТ- 1000 денари

SILVER SEATS- 1000 денари

GOLDEN SEATS- 1200 денари

ВИП- 2000 денари

 

Во продажба ќе бидат и Вип пакети за кои од продукцијата велат, дополнително ќе ја известат публиката.

 

Објавено:
25 октомври 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
345 пати