Започна третата регионална Блогоманија „Fashion&Beauty“

9 јуни 2016

Blogomanija Fashion&Beauty е случување за професиналци, представници за медиуми, како и љубители на модата, дизајнот и убавината, кои со помош на Интернетот и различните социјални мрежи ги исполнуваат своите страсти, а притоа и заработуваат.

Конференцијата  за третата Блогоманија денеска ја отворил заменикот на градоначалникот на Марибор, Здравко Лукетиќ, кој истакнал дека денес технологијата им е потребна на сите со оглед на тоа што многу го олеснува животот. 


Интересно е што господинот Лукетиќ има страница на Фејсбук, како и свој блог, но, како што кажува, до сега ништо не напишал поради недостаток на време кое го троши за да им помага на граѓаните од овој словенски град.


Jacky Zhao, регионалниот директор на Huawei за Србија, е исто така еден од присутните гости на Блогоманија. Во 2014-та година Huawei станала прва кинеска компанија која се нашла на Интербрендовата листа на Најдобри 100 брендови, а која ја објавува Бизнис Вајр.


„Преку интернетот сакавме да ја следиме и женската публика, затоа ова е Fashion&Beauty. Тие теми беа неправедно запоставени, затоа оваа Блогоманија, е првенствено за Вас дами", изјавил Зоран Торбица, директор на конференцијата.

На присутните им се обратил и Веселин Јевремовиќ, претседател на најголемата словенска и српска софтверска компанија - ComeTrade. Инспиративното предавање насловено „Бизнис митологија“ укажало на разликите помеѓу два типа на комании – еднорог и феникс.


„Ако имате пари, тоа не значи ништо. Ако немате знаење, тешко е да се занимавате со оваа работа. Денес ова е шума полна со IT работи и потребна ви е визија која ќе ви каже во кој правец ќе ја водите вашата команија во наредните 5 години. Ние сме на нашиот пат, како и фениксот, имавме искачувања и падови. Сакав да направам компанија која може да го постигне тој светски успех. Полека почнав да барам нови бизнис модели, иако почнавме како хардверска компанија. Денес, било да купите мобилен телефон или комјутер, речиси сите доаѓаат од ComeTrade“, посочил Јевремовиќ.


„Blogomanija Fashion&Beauty" ќе трае до 12-ти јуни, на која ќе се зборува за блогирање, интернет маркетинг, односно заработка, успех, популарност, недостатоците и предностите на Интернет светот.

Деталната програма можете да ја погледнете на: www.blogomanija.net/progam.

Објавено:
9 јуни 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
99 пати