Жените го симнаа од тронот кралот на Холивуд

12 октомври 2017

Харви Веинстејн е името кое го гледате на секој блокбастер филм и е еден од највлијателните филмски продуценти. Има 65 години, жена која соопшти дека го напушта и две малолетни деца. Она што никој не очекуваше е дека овој голем и влијателен продуцент кој буквално до пред некој ден никој ништо не смееше да му каже, пред два дена доби отказ од сопствената компанија чиј основач беше токму тој. Преку триесет години кружат приказни за него како насилник со жените, ги присилувал на секс без да сакаат. Неговиот успех e со безброј наградувани филмови, со преку 300 номинации за Оскар. Во неговото портфолио се и: "Gangs of New York", "Pulp Fiction", "The English Patient", "Shakespeare in Love", "My Week with Marilyn", "Malena" и многу други. Тој својата продуцентска куќа Weinstein Company ја основа 2005 година заедно со неговиот брат Боб.

Во Холивуд велат дека бил филмски могул како од времето на почетоците на филмската индустрија. Можел да ве создаде, но и да ве уништи преку ноќ, да не се најдете на привилегираните кастинг листи ако не сте се согласеле на неговиот начин за да влезете да играте во филм.

New York Times е првиот кој ги откри неговите валкани алишта со текст во кој се говори за детална и комплексна приказна, кој на едно доделување на Златен глобус Мерил Стрип го нарече Бог. Тој „БОГ“ 30 години наназад сексуално злостаувал актерки, асистентки, модели.

Мерил Стрип изјави како немала поим што се случува, истото го кажа и Глен Клоуз додавајќи дека начула нешто, но не верувала во тоа.

Дона Каран познатата модна дизајнерка, која е инаку негова добра пријателка ќе каже дека тоа самите жени го предизвикувале со својот начин на облекување и своето однесување. Со оваа изјава Дона Каран ќе предизвика осуда од страна на јавноста. Поголемиот дел од Холивуд молчеше неколку дена се до оној момент кога ликовите беа повикани да дадат свој коментар, вклучително и Хилари Клинтон чија кампања ја финансираше токму Харви.

Дури осум пати овој ноторен продуцент ќе се спогоди со своите жртви надвор од судот се со една цел да не излезе ништо во јавност. Тврдат дека не биле само осум, биле многу повеќе.
Со Роуз Мекгоуан која за време на снимањето на филмот „Врисок“ имала само 23 години ќе каже дека и понудил да дојде кај него во хотелската соба со молба да го измасира. Ја дочекал со баде мантил на врата и после масирањето имала уште една задача, да го гледа како се тушира. Таа се потсеќа на ова велејќи: Како можев да го одбијам, а да не го навредам? Тој ќе и исплати огормна сума на пари само за да молчи.

Емили Нестор ќе работи кај него само 24 часа затоа што веднаш ја одбила понудата на големиот продуцент. Италијанската актерка и модел Амбра Батилану ќе ја повика во својата канцеларија да поразговараат за нејзината кариера. Неколку часа подоцна ќе дојде полиција во неговата канцеларија, но таа била озвучена, а Харви не знаел. Работата стигнува на сите таблоидни наслови, а Амбра тогаш ќе раскаже како тој ја фатил за гради и ја прашал дали се вистински. После ова тој ќе тврди дека целата приказна била измислена и како е местенка. Претпоставувате и на италијанката и платил огромна сума на пари.

Кулминација на целава приказна е кога ќе проговори една од неговите директорки во компанијата Лорен О Конор. Таа детално ќе ги опише сите настани како од лично искуство и искуството од нејзините колешки. Ќе ги предупреди сите во компанијата дека тоа што се случува е опасно и како е сето тоа една отровна атмосфера и малтретирање.

 Ова се сите жени кои тврдат дека биле жртви

После сето ова Вајнстејн ќе се соочи со сите овие обвинувања и како се му е јасно, како предизвикал многу болка со неговото однесување и најдлабоко се извинува.

„Се обидувам да го поправам моето однесување и знам дека пред мене е долг пат“ - ќе изјави за New York Times. Ќе мора да научи вештини и да работи со жени, а притоа да не ги навредува и злоставува. Парадоксот да биде поголем тој е борец за женски права и хуманитарец. Веројатно тој си имал свој начин како се борел за женските права, секако од приложеното.

На неговата листа жени кои ги нападнал или се обидел се наоѓаат: Анџелина Џоли која го одбила и после тоа не сакала да соработува со него, Гвинет Полтроу, Ешли Џад...
Повеќе од сигурно е дека и покрај тоа што и неговата адвокатка ќе го напушти, тој ќе собере голем и скап тим на адвокати кои ќе се борат за него за огромни пари. Но, едно е сосема сигурно, тој повеќе никогаш нема да се бави со филмската индустрија.
Жените го симнаа од тронот кралот на Холивуд!

 

Објавено:
12 октомври 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.128 пати