Зоран Радмиловиќ: Како да престанете да се плашите?

10 октомври 2016

Како глумец, Зоран Радмиловиќ ќе влезе во редот на оние на кои секогаш ќе се сеќаваме со носталгија. Како човек со тој негов намуртен израз на лицето и ден денес нѐ иснпирира, затоа што тој израз има порака која значи строгост и правичност. Во 1985 ќе напише едно писмо, а сѐ поради забрана на претстава. Писмото е објавено во НИН.

Зоран ќе напише:

„Глумците секогаш биле заплашувани, со векови. Заплашувани од сами себе, но и од другите. Систематски. Тие секогаш биле понизок род. За да станеш глумец мораше да се избега од дома, па не те примаа назад да се вратиш. Глумците ги закопувале вон гробиштата. Дури и големиот Молиер. Глумците беа сакани од девојките, но ретко се мажеа за нив, поради проклетство од страна на нивните родители. Глумиците пак редовно беа прогласувани за курви, дури и после нивната 50-та година. Оној момент кога Есхил го измислил првиот глумец, почнува тоа илјада годишно бегање.

Бегање од луѓе кон луѓе. Велат дека прв бил некој Теспис, но тешко дека некој ќе го запаметеше да не беше онаа популарна Хистрионска кола, сѐ во надеж дека ќе го пронајде вистинскиот човек.

Публика секогаш имало и ќе има, ама ете тој го барал помеѓу оние кои му овозможиле достоинствено да го проживее својот и онака смешен и бесмислен живот.

На денешниот глумец му даваат да јаде од рака, не ги бркаат од дома, напротив, ги убедуваат да бидат глумци со надеж дека добро се заработува. Дури и се женат за пристојни девојки. Глумиците се курви, евентуално до својата 30-та година, а потоа ги третираат како уметнички. За овие две илјади години доста се сменило богами, освен стравот кој е исконски. Остана тој пусти страв кој тешко се објаснува, страв кој ги тера глумците да се чувствуваат како ниски суштества.

Сака глумецот, сака! Да биде храбар и достоинствен,супериорен. Сака многу повеќе од сопственото уметничко дело и се обидува да биде рамноправен и значаен. Сака да се расправа, да одлучи нешто.

Но, сѐ е тоа неговото несвесно јас. Оној главниот и посилниот дел од неговата личност, актерството покажува колку сакаш да бидеш она што не си, а сакаш да бидеш, о како би сакал!

Во суштина, во темелите, на кровот и околу таа трошна куќичка лежи стравот. Стравот од тоа во што не си бил сигурен вчера дали било добро, страв за кој не си свесен од утре, страв дали ќе можеш да бидеш добар и утре после вчера, повторно и повторно да го повториш истото. Страв од неуспех, твојот ужас од неспособност да одвоиш едно од друго. А кој тоа нас нѐ заплашува? Секако ние самите себеси, а потоа сите останати структури ,да го употребам оној израз, млади политичари. Структури кои одлучуваат, ја одржуваат силата и моќта. Силата на нашата не толку голема памет и моќта на нашиот страв. А стравот е многу едноставен! Секако, прво ние сами од себе. На дофат од рака. Треба само да кажеме:НЕ САКАМ ПОВЕЌЕ ТАКА! Неколку зборови само, заборавени овие 2000 години. И можеби уште нешто:МАРШ! Значи сѐ на сѐ неколку зборови.

Колку и како треба да го стегнеш газот за вакво нешто знае само оној кој помислил тоа да го изусти. Му бил на врв од јазикот, само што не го изговорил, оти нешто друго неминовно го спречило де... Структурите тоа го знаат и се смешкаат! Нормално дека тоа не го кажал, ама барем знае како му е. Кој па и би се налутил на мало дете? Структурите се смешкаат и го знаат тоа, дури и со доза на симпатија. Кој па серизоно  мкоже да се налути на децата? Структурите се стабилни и вечни, ние сме минливи, еднодневни. Како таков, ефемерен (омилен израз на театарските критичари) еве продолжувам со моево неволно размислување. Се обидувам еве денес, при крај на овие 1980-ти години да престанам да се плашам. Секако, колку стравот ќе ми дозволи. Да влезам во новата година благословен.

Одлучив да не се плашам повеќе, не само од луѓето, туку и од Господ, за секој случај. Еве јас од овој момент не се плашам повеќе. Не се плашам од своите претпоставени, од режисерите, од началниците, критичарите, судиите, оценувачите на мојата работа, потценувачите. Едноставно, не ми е гајле повеќе! И треба да ми се верува на зборот, кога веќе јас сам себеси не си верувам.

Затоа, нека се гонат сите структури, нека се гонат сите претепоставени, многу пати сум ги фатил како лажат, нека се гонат сите критичари, потценувачи, судиии и онака ги мрзи тоа што го работат, и онака  немаат доволно време, не се доволно информирани за мојата смешна работа која се нарекува театар, тој искривен феномен кој скромно се нарекува сам себеси најстарата културна дисциплина.

Нека се гонат и сите телефони (многу мои претстави се симнати само од еден телефонски разговор) и нека се гони телевизијата и онака ми е скапа претплатата, како и сите весници затоа што ме плашат и како уметник и како човек. Нека се гонат….но времето на мојата храброст и онака истекува како и што очекував. Па, би сакал да се извинам ако е тоа некако возможно, да престанам некако! Што ми требаше сето ова? Не знам што друго да кажам! Немојте да се навредите, се шегував, жими мајка!

Секогаш Ваш, до крај

Зоран Радмиловиќ

*извор НИН 1987

Објавено:
10 октомври 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.941 пати