Зошто е супер 20 минути после работа да седнете во парк?

12 јули 2019

Американски научници спровеле ново истражување според кое се вели дека 20 минути дневно поминати во парк, ќе придонесат да се чувствуваме посреќно, позадоволно, а притоа да не мораме ниту да вежбаме.

Студијата упатува на тоа дека градските паркови им овозможуваат на граѓаните да се „внесат“ во природата, што пак предизвикува значајни фиизички и ментални промени, односно придобивки меѓу кои и намалување на стресот, закрепнување од умствениот умор итн...

Резултатите од истражувањето на научниците од  универзитет „Алабама“ во Бирминген, се објавени во магазинот „International Journal of Environmental Health Research“.

Посетителите на паркови кои биле дел од истражувањето, изјавиле дека после времето поминато во парк, се чувствуваат многу подобро и физички и ментално. Хон К. Јен, кој ја водел студијата, вели дека тој и колегите заклучиле како нивото на телесната активност на учесниците во истражувањето не е поврзана со подобрувањето на емоционалните придобивки. Авторите на студијата велат дека и личностите кои не се во можност да се занимаваат дури ни со лесна спортска активност, или веќби, поради возраста или здравствен проблем, ивадилитет, имаат огромна корист од престој во парк.

Повратните информации кои ги добиле од стотина испитаници, довеле до заклучок дека зелените површини во урбаните средини ja поттикнуваат емоционалнaта благосостојба и дека во градовите е потребно да се направат што повеќе паркови и зелени површини.

Она што е лошо е што светски тренд е намалувањето на таквите површини, кои очигледно се повеќе од потребни за доброто здравје на граѓаните на секој град во светот.

Објавено:
12 јули 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
328 пати