Вежбањето ве прави посреќни од парите!

22 јули 2019

Повеќе од сигурно е дека вежбањето е исклучително важен дел од животот, дава неверојатна енергија, има позитивни придобивки за здравјето, па токму затоа би било супер доколку можете да одвоите време за вежбање барем два часа во неделата.

one15_marina_sentosa_cove

Последните истражувања од Јеил и Оксворд велат дека токму вежбањето има неверојатни придобивки за физичкото и пред сè, менталното здравје на луѓето, но и дека нè прави многу посреќни од што тоа го прават парите.

travel_leisure

Во истражувањето на универзитетите биле вклучени повеќе од еден милион Американци на кои им било поставено прашањето: Колку пати сте се почувствувале лошо изминатиов месец како резултат на стрес, депресија или емоционални проблеми?

Во истражувањето се додава и дека вежбањето е одлично, но колку всушност вежбање е доволно?

vital_proteins

Се појаснува и дека физичката активност е одлична за менталното здравје, но секогаш треба да е умерено. Според ова, иделното време поминато во фитнес центар во текот на неделата е три до пет пати во сесии што траат од 30 до 60 минути.

Исто така, истражувањето покажало дека сите оние вежби или спортови што се одвиваат во тим имаат поголеми позитивни ефекти од другите.

fashionandotherthings

Она што е интересно е тоа што во истото се покажало дека оние луѓе кои редовно вежбаат се несреќни само 35 дена во годината, додека во просек, оние кои невежбаат се многу повеќе.

popsugar

Какво е вашето размислување на оваа тема? Вистина ли е дека вежбањето нè прави посреќни од парите?

Инфо: Business Insider

Објавено:
22 јули 2019
Категорија: 
Стории
Прочитано:
508 пати