Почина креативниот директор на „Москино“ на 46 години

11 ноември 2023

Новоименуваниот креативен директор на модната куќа „Москино", Давид Рене почина вчера во Милано на 46-годишна возраст.

Веста ја потврдија од неговата матична куќа, каде беше на водечката позиција само десетина дена.
„Иако со нас беше многу кратко, Давид уживаше голема почит и симпатии меѓу вработените. Изразуваме длабоко сочуство до семејството и неговите пријатели", изјави Масимо Ферети, извршниот директор на Aeffe, компанијата која го поседува брендот „Москино".

Причината за смртта официјално не епотврдена, иако се шпекулира за „ненадејна болест".

Рене на водечката позиција во „Москино" дојде со импресивно портфолио, по две децении поминати во Гучи каде последните години беше главен дизајнер на женската линија.

Објавено:
11 ноември 2023
Категорија: 
Актуел