Пол Ендру ја напушти позицијата креативен директор на Салваторе Ферагамо

31 март 2021

Креативниот директор на италијанскиот моден бренд Сарваторе Ферагамо, Пол Ендру ја напушта својата позиција.

Според The Business of Fashion, компанијата прави реконструкцијанво одборот на директори, а дизајнерот, кој е на водечката позиција од 2019 година, ја напушта компанијата по претставувањето на колекцијата за пролет 2022 на почетокот на мај. 

Кој ќе застане во неговите чевли и што планира дизајнерот по заминувањето е целосна мистерија. Но, ова не е единствената промена во врвот на Ферагамо. Феручио Ферагамо ќе биде заменет од страна на неговиот брат Леонардо, на местото претседател на управниот одбор.

На што се должат овие промени, не е целосно јасно, иако се шпекулира дека опаднатата продажба од 33% што резултираше со рекордна загуба за брендот.

Објавено:
31 март 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
173 пати