46 средни училишта ќе се натпреваруваат на четвртиот „Trash Fashion“ во МКЦ

29 мај 2014

Четвртиот по ред „Trash Fashion Macedonia 2014’ , кој ќе се одржи на 5-ти јуни во Младинскиот Културен Центар- Скопје, од 18.00 ч. до 20.00 часот, и оваа година ќе спои 46 средни училишта од земјата кои ќе се натпреваруваат со модни креации изработени со редизајнирани материјали од отпад.

Оваа година тимовите за изработка на своите модели, собраа преку 1000 килограми различни видови отпад, односно, реупотребени околу 2500 капачиња, 500 најлонски кеси, 30 килограми стара хартија, стар електронски отпад и др.

На „Trash Fashion Macedonia 2014“ ,за прв пат, секој модел ќе се претстави на писта направена од стари водоводни цевки, пропратен  со роботизирани аудио-визуелни ефекти.

Оваа година прво, второ и трето место ќе го додели жири комисија  во состав од : Франк Видеркер, регионален советник во Амбасадата на Швајцарија, Александра Младеновска-Костиќ,  директор на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем”, Росица Мршиќ - моден креатор, Тони Зен и Цаци Паковска.

Настанот се оддржува по повод 5-ти jуни- Светскиот ден на животната средина, а оваа година е дел и од настаните на листата на Обединетите Нации–програмата за животната средина UNEP.

Целта на овој настан е подигнување на општествената свест за зачувување на природата и намалување на отпадот преку негова реупотреба.

„Trash FashionMacedonia 2014“ е во организација на „Здружението на граѓани ОХО,“ и e дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем,“ која се реализира во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за образование и наука на Република Македонија.

 

Објавено:
29 мај 2014
Категорија: 
Актуел