ААВМУ: Медиумите да ја прилагодат програмата со деновите на жалост

14 февруари 2019

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повика радиодифузерите денеска и утре да ја прилагодат програмата поради деновите на жалост што се прогласени по тешката сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово.

Adworld.ie

Музиката треба да биде од жанровите соодветни за денови на жалост, а емитувањето на забавни шоу програми, хумористични емисии или играна програма од жанрот комедија, да се одложи за други денови од неделата.

„Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е овие два дена да не се емитува рекламирање“, се наведува во соопштението, пренесува МИА.

Согласно препораките, Fashionel овие два дена на жалост ќе ги прилагоди вестите и уште еднаш изразува сочуство до семејствата на загинатите и им посакува побрзо закрепнување на повредените.

*Текстот е преземен од МИА

Објавено:
14 февруари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
115 пати