Албер Елбаз ќе креира за Конверс

19 декември 2016

Нова интересна соработка во модниот свет е на повидок. Имено се работи за нов ангажман на почитуваниот дизајнер Албер Елбаз кој ќе креира специјална линија на популарните патики Конверс за пазарот во Јапонија, а каков ќе биде нивниот дизајн ќе причекаме до 2017 година.

Дизајнирањето на секојдневни обувки не му е непознато на дизајнерот кој минатата година ја напушти челната позиција во францускиот бренд Ланван.

Тој е еден од оние дизајнери кои се најзаслужни за имплементирањето на патиките во кругот на високата мода, и во дизајнерските колекции воопшто.

Објавено:
19 декември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
143 пати