Албер Елбаз ќе добие почесен докторат од Кралскиот колеџ за уметност

27 јуни 2014

Креативниот директор на Ланван, дизајнерот со израелско потекло, Албер Елбаз ќе прими почесен докторат од  Кралскиот колеџ за уметност. Селекцијата за ваквите почести е направена според придонесот на дизајнерот во културата и модната индустрија, како интернационален така и на британско ниво. Во своето досегашно портфолио, Елбаз  ја потпишува работата во Gay Laroche, Ив Сен Лоран и Krizia, a од 2001 во своите раце ги има и „уздите“ на Ланван.

 

Свечената церемонија ќе се одржи денес во Ројал Алберт Хол. Исто така покрај одликувањето што ќе го добие Албер Елбаз, со признанија ќе се закитат и Силија Биртвел и Сара Мовер.

Објавено:
27 јуни 2014
Категорија: 
Актуел