Алекса Чанг во новата есенска кампања на Longchamp

18 јуни 2014

Извесен период светските брендови почнаа да ги објавуваат есенските рекламни кампањи во кои главната улога најчесто ја имаат влијателните модни инсајдери. Па така, Кендал Џенер е во фокусот од кампањата на Живанши, Џереми Скот за водечки лик ја избра Линда Евангелиста за својата прва кампња откако стана креативен директор на Москино, додека Валентино го стави скандалозниот фотограф Тери Ричардсон, односно неговата тетовирана рака  од последната есенска кампања. Сега и моделот, ди-џеј и новинар Алекса Чанг ја рекламира новата чанта од францускиот бренд за аксесоари Longchamp, кампања преку која се слави 20 годишниот јубилеј од создавањето на култната кожена чанта „Le Pliage“. Фотосесијата е изработена во Франција од фотографот Макс Вадукул, а во септември се очекува и објавувањето на видеото од истата.

 

Објавено:
18 јуни 2014
Категорија: 
Актуел