Алесандра Амбросио непрепознатлива во новата бизарна фотосесија

7 декември 2013

Таа дефинитивно е еден од најкомерцијалните модели на светот и најчесто може да ја видиме со нејзината прекрасна насмевка во неверојатните фотосесии на Викторија Сикрет.

Алесандра Амбросио е скоро непрепознатлива во последната бизарна фотосесија за која мораше да ги избели веѓите.

Истата беше направена во Мајами, а прекрасната Алесандра дефинитивно се покажа во сосема поинакво светло.

Во драматичната фотосесија манекенката носи сосема поинакви модели од оние во кои сме навикнати да ја гледаме, па така во еден момент таа е облечена во дрес врз кој има гламурозен црн фустан.

Скоро на секоја фотографија таа носи спортска капа, а на една од фотографиите носи и маска преку лицето.

Ви се допаѓа ли во вакво издание?

 

Објавено:
7 декември 2013
Категорија: 
Актуел