Среќен роденден Алесандра Амбросио

11 април 2023

Алесандра Корин Амбросио е родена на денешен ден 1981 година во Бразил. Таа е една од најубавите жени во светот, а јавноста најмногу ја знае како супермодел од Викторија Сикрет.

Амбросио го имаше тој ангажман од 2004-та до 2017-та година и оствари многу соработки со некои од најреномирани модни куќи како Диор, Армани, Ралф Лорен и други.

Таа беше една од најплатените топ модели, па дури се најде и на листата најплатени на Forbes, со заработка од над 6,6 милиони годишно.

Во 2014-та Алесандра претстави свој моден бренд наречен Ále by Alessandra. Линијата вклучува кежуал и формална облека за млади од 18 до 35 години.

Амбросио е мајка на две дечиња ќерка и син, кои што ги доби од бракот со американскиот бизнисмен Џејми Мазур.

Среќна 42-ка!

Фото :Pinterest

Објавено:
11 април 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
172 пати