Алесандра Корин Амбросио, која се прослави како супермодел од Викторија Сикрет, е родена на денешен ден 1981-ва година во Бразил.
Таа важи за една од најубавите жени во светот, а беше дел од модниот бренд од 2004-та до 2017-та година.
Амбросио, во текот на својата плодна кариера, соработуваше и со некои од најреномираните модни куќи во светот како Диор, Армани, Ралф Лорен и други.
Манекенката беше една од најплатените супермоделите, па дури се најде и на листата најплатени на Forbes, со заработка од над 6,6 милиони долари годишно.
Во 2014-та Алесандра претстави свој моден бренд наречен Ále by Alessandra. Линијата вклучува кежуал и формална облека за млади од 18 до 35 години.
Таа е мајка на две дечиња, ќерка и син, кои ги доби од бракот со американскиот бизнисмен Џејми Мазур.
Денес таа полни 43 години и изгледа подобро од било кога.