Алта Мода – изложба на Марио Тестино во Њујорк

21 ноември 2013

Еден од најпознатите модни фотографи, Марио Тестино денеска за јавноста ја отвора својата изложба насловена „Алта Мода“, во шпанскиот институт Queen Sofia во Њујорк.

Фотографиите кои премиерно беа презентирани во април годинава, се инспирирани од традиционалните носии од областа Куско во Перу.

По тој повод вчера беше организирана вип забава на која присуствуваа блиски пријатели и соработници на познатиот фотограф. Еве ја атмосферата.

 

Објавено:
21 ноември 2013
Категорија: 
Актуел