Во Њујорк вчера вечер се одржа 21. издание на „amfAR Gala“. Тоа е настан на кој секоја година се доделуваат признанија на личности од јавниот живот кои на било кој начин придонеле во борбата против СИДА. 

Вниманието дефинитивно го украде Ким Кардашијан која се појави во креација на „Версаче“ со длабоко и впечатливо деколте. 

Фустанот што ја следи линијата на телото, ги истакна сите нејзини облини. Во креација од истиот бренд беше облечена и нејзината сестра Кортни, но со повисоко деколте.

А кога сме кај провокативните креации, таква имаше и моделот Хајди Клум. И таа во прв план го стави деколтето, додека долниот дел од фустанот во металик нијанса, беа реси. 

Во модните медиуми се води полемика дали изгледот на Ким и Хајди е евтин или сè уште успева да остане од другата страна на границата.

Генерално, црвениот килим беше во знакот на провокативни и секси креации.

Таква беше и црната на Алесандра Амбросио од дизајнерката со албанско потекло, Лена Бериша.

И Мила Јовович беше меѓу присутните, а вниманието го привлече со светкавата тоалета, додека Каролина Куркова се издвои со широкиот долг фустан во пинк нијанса на „Оскар де ла Рента“.

Кендис Сванпул изгледаше прекрасно во елегантна црно-бела креација на Расарио, со огромна панделка во задниот дел.

Како изгледаа останатите, погледнете во галеријата.

Објавено:
7 февруари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
905 пати