Српската тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер денеска ја официјализираа својата двегодишна врска.
Двојката се венчаше во Венеција, а се обидувале максимално да се сокријат од очите на јавноста. За тоа сведочи и фактот што на гостите им кажале да бидат слободни во периодот од 11-ти до 13-ти јули, но не им кажале за што се работи. Само дека ќе биде изненадување.
Инаку, двојката и нивните пријатели биле сместени во хотелот „Аман Канал гранде“, каде во 2014 година Амал и Џорџ Клуни ја организираа нивната свадбена веселба. За луксузноста на хотелот говорат седумте ѕвездички, како и цената, бидејќи за една вечер во него потребни ви се 4.950 евра. Хотелот вчера бил блокиран, како пренесуваат српските медиуми, а пристап до него имале само младенците и нивните гости.
Од малкуте фотогорафии што се појавија во медиумите, Ана носи едноставен бел фустан „Паркер Фарал“, со карнери која чини 275 долари, додека фудбалерот е во црно одело.
По завршувањето на чинот во матичното во City Hall во Венеција, двојката влегува во гондола, а се претпоставува дека се упатуваат на друго место во градот на веселба.
Како пренесуваат српските медиуми, кума на Ана ѝ била српската пливачка Мирослава Најдановски со која се зближиле на Олимписките игри во Пекинг од 2008 година, додека Бастијан за кум го одбрал познатиот скијач Феликс Нојројтер, инаку негов близок пријател.
За утре е закажано црквената веселба, по што следи и свадбена церемонија на која присутните ќе ги забавува Нина Бадриќ. За тоа каде и точно кога ќе биде веселбата сè уште нема информации.
Познатата двојка е во врска од септември 2014 година.