Ана Винтур ѝ фрли око на Зара

7 август 2015

Познатата уредничка Ана Винтур призна дека би сакала да открие која е тајната на успехот на брендот Зара.

Кога почна да се бори на големиот пазар, таа трагаше за перфекционизам. Но, уредничката сега има малку поинаков став:

„Не фокусирајте се на тоа сè да биде одлично, за било што да се работи. Несовршеноста е нормална“, вели Винтур.

Еден од примерите што ги посочи е и креативниот директор на Барбери, Кристофер Бејли. Неодамна тој беше во Шпанија и ја посети главната дирекција на Зара.  Една од работите што најмногу го изненадиле е како за многу кратко време, најновата колекција на овој бренд се нашла во продажба. Не поминале ни неколку недели од презентирањето на последните трендови од Зара.

„Кога Бејли ми го кажа тоа, навистина бев шокирана. Наскоро ќе одам таму, сакам и самата да се уверам како Зара за само неколку недели успева да го облече целиот свет“, признава Ана.

Објавено:
7 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.062 пати