Ана Винтур се плаши да оди во Париз?!

16 јануари 2015

Anna-Wintour-Paris-Fashion-Week-Spring-2013-600x899

Подготовките за модната недела на Висока мода во Париз се во ек. Но, присуството на голем број познати личности е доведено под знак прашање.

Како пренесуваат светските медиуми, поради неодамнешните немили настани во Париз, сè повеќе ѕвезди го откажуваат своето присуство на овој моден настан со голема традиција.

Организаторите пак, наведуваат дека оваа година се надеваат дека местата за презентација на новите колекции на Шанел, Версаче, Валентино, Диор и други познати брендови, сепак ќе успеат да ги пополнат првите редови и генерално да обезбедат пристојна посетеност.

„Ќе биде тешко да се обезбедат голем број случувања, а сега кога тензиите се големи, мислам дека попрво ќе пропуштам, отколку да стравувам“, изјавила една модна уредничка.

0x600

Исто така, постојат и шпекулации дека и легендарната Ана Винтур оваа година ќе го откаже присуството на Париската модна недела. И клиентите кои вложуваат во оваа манифестација се мошне несигурни, а модните куќи ќе обезбедат пренос на своите ревии, така што гостите ќе можат да ги гледаат од дома.

Кој сè ќе собере храброст да биде во Париз од 25-ти до 30-ти јануари, колку што ќе трае модната недела, останува да видиме.

Објавено:
16 јануари 2015
Категорија: 
Актуел