Ања Рубик со двојно лице за едиторијал во француски Vogue

18 јули 2013

Ања Рубик во августовското француско издание на Vogue е девојка со две лица и има задача да ја долови фузијата помеѓу две крајности половина да биде кралица, половина панк мачка. Темата на фотосесијата која се наоѓа внатре во списанието е инспирирана од Британското културно наследство, а најголем акцент е ставен на главниот град Лондон и кралското семејство. Едиторијалот со наслов „God save the queen“ го работеа врвните Инез ван Ламсверде и Винод Матадин кој создадоа вистинско уметничко дело, а за стајлингот се погрижија плејада на врвни модни куќи и дизајнерски имиња од светот на модата како: Долче и Габана, Диор, Александар Меквин, Луј Витон, Прада, Џими Чу, Клое, Сен Лоран, Др. Мартенс и други под креативно водство на Емануел Алт.

 

 

Објавено:
18 јули 2013
Категорија: 
Актуел