Диор по вторпат ја отвора „Тајната градина“

10 мај 2013

Охрабрени од успехот на минатогодишниот мини-филм „Тајна градина: Вејсај“, кој функционираше и како официјална рекламна кампања на Диор, креативниот тим на престижната париска модна куќа повторни ги отвора вратите на својата тајна градина и сними ново видео „Тајна градина 2: Версај“. Во центарот на вниманието се креациите од есенската колекција што Раф Симонс ги создаде за Диор. И вториот дел е снимен во близината на Версај, поточно во магловитата шума на локалитетот Мал Тријанон која овозможи надреална позадина за видеото. Во моментов на медиумите им се на располагање само неколку кадри кои ја откриваат инспирацијата – ремек делото „Појадок на трева“ од Едуар Мане, а премиерата на делото е предвидена за јуни. Во видеото што го потпишуваат Инез ван Ламсверде и Винод Матадин се појавува манекенката Дарија Строкус.

 

 

Објавено:
10 мај 2013
Категорија: 
Актуел