Ријана е првата Афроамериканка ангажирана како заштитно лице на Диор

14 мај 2015

Магична, а истовремено мрачна и мистична, Ријана е првата црномуреста девојка која се појавува како заштитно лице за престижниот Диор.

Егзотичната пејачка се запишува во листата на познати лица што позираа за серијата рекламни кампањи на брендот, насловена Secret Garden. Новата кампања од овој циклус е фотографирана во раскошниот дворец Версај, а Ријана целосно се вклопува во аристократскиот амбиент облечена во уметничките кутур парчиња на Раф Симонс.

Откако ја превзема главната улога во рекламните кампањи и на модната куќа Балман, ги освои насловните страници на светските магазини, лансираше своја модна линија во соработка со Пума, може да резимираме дека Ријана е една од најбараните и најплатените лица од шоубизнисот, и е најблиска конкуренција на Бијонсе.

Објавено:
14 мај 2015
Категорија: 
Сцена