Ријана стана дел од Диор семејството

14 март 2015

rihanna-christian-dior

После Џенифер Лоренс, Марион Котилард и Натали Портман, Диор одлучи да вклучи нова девојка во Диор „семејството“, а тоа е Ријана. Пејачката сезони наназад беше една од најпочесните гости на брендот и ја гледавме во првите редови, а сега конечно стана Диор девојка.

Таа ќе биде главната ѕвезда на новата кампања на брендот насловена како Secret Garden (Скриена градина). За фотографиите е задолжен Стивен Клајн.

„Видео материјалот и фотографиите од кампањата ќе бидат објавени оваа пролет“, потврди службата за односи со јавност на модната куќа.

Претходните кампањи од серијалот Secret Garden, што се снимаат во дворецот во Версај, ги имаа Дариа Строкус, Мелиса Стасиук и Ксиао Вен Џу.

Rihanna-Christian-Dior-Cruise-2015-Front-Row-e1399546240643

rihanna-dior-08may14-12

rihanna-looks-too-beautiful-at-dior-fashion-show-you-need-to-see-her-photos-sosnation.com-6

Објавено:
14 март 2015
Категорија: 
Сцена