Дарија Строкус во тату-глам издание за јапонски Vogue

17 август 2013

 

„Русокосата девојка која ја украде ноќта“ е насловот на едиторијалот во кој позира Дарија Строкус за септемвриското издание на јапонски Vogue. Концептот е: голема доза на  елегантност зачинета со спортски глам ретро стил и тетоважи по цело тело како замена за накит. Sølve Sundsbø е фотографот кој го сликаше овој едиторијал, а дизајните ги потпишуваат Селин, Долче и Габана и Александар Меквин, стилизирани од креативниот моден уредник Џорџ Кортина.

 

Објавено:
17 август 2013
Категорија: 
Актуел