Авангарден новогодишен календар на младиот фотограф Горан Наковски

26 декември 2013

Тринаесет авангардни фотографии во црно-бела техника го сочинуваат модниот новогодишен календар кој го изработи младиот штипски фотограф Горан Наковски. Се работи за уметнички-модни фотографии кои метафорично новата година ја претставуваат како силна и храбра жена, која сигурна во себе ќе владее наредните 12 месеци. Погледнете ја оваа успешна фотографска приказна која визионерски ги раскажува следните 12 месеци.

 

 

 

Објавено:
26 декември 2013
Категорија: 
Актуел