Би купиле ли кошница за производи вредна 9.000 евра?

3 октомври 2014

Иако можеби не ви се верува, едноставната кошница за производи со која се среќавате секој ден во локалниот супермаркет, доби гламурозен римејк и тоа ни повеќе ни помалку, туку од француската модна куќа Шанел.

Дека модата на моменти знае да отиде предалеку, докажува и енормната и неверојатна цена на оваа кошница која изнесува скоро 9.000 евра!

Доколку сметате дека тоа е премногу, можете да добиете мини – верзија од корпата во која ќе ви собере едно шише за млеко за околу 5.400 евра.

Да бидеме реални, доколку имаме толку пари да потрошиме за кошница за во супермаркет, најверојатно би имале и некој што купува наместо нас!

Фамозната кошница за производи е целосно направена од метал и црна тантела провлечена низ празниот простор со што се добива препознатливиот Шанел синџир што речиси секогаш го гледаме кај чантите од брендот.

Највредната кошница на светот е дел од колекцијата есен – зима 2014/2015 која беше прикажана во супермаркет, целосно исполнет со брендирани Шанел производи.

Додека сме во исчекување некој да ја промовира Шанел кошницата во некој од светските супермаркети, истата можеме да ја видиме како дел од „уличниот“ стил на светските трендсетерки меѓу кои и Ана дело Русо!

Објавено:
3 октомври 2014
Категорија: 
Актуел