Блогерите повеќе не се пожелни на њујоршките модни недели

10 декември 2013

Пред само неколку дена главниот продуцент на њујоршката модна недела, најави нова агенда на манифестацијата во повеќе сегменти, а сега се надополнуваат со тоа што  ја кратат листата на посетители на ревиите за околу 20 проценти, а меѓу „отпишаните“, на најголем удар се најдоа модните блогери и фриленсерите.

Со оглед на тоа што поголем дел од ревиите се одржуваат онлајн, тие и нема да изгубат нешто многу освен можноста да бидат стрит стајл ѕвезди.

Веќе долго време организаторите IMG  изјавуваа дека модната недела мора да стане ексклузивен настан и дека многу блогери не би требало да имаат можност за пристап.

Според појаснувањето на организаторите, тие ги заземаат местата кои што се наменети на купувачите, од целиот настан прават зоолошка градина и токму затоа сега е вистинското време за промена.

http://fashionel.mk/71122/nova-agenda-na-modnata-nedela/

Објавено:
10 декември 2013
Категорија: 
Актуел