Што да очекуваме од Модната недела во Њујорк?

6 февруари 2014

Денеска започнува модната недела во Њујорк, во рамките на која некои од најеминентните дизајнерски имиња ќе ги претстават своите колекции за сезоната есен-зима 2014/15.

Модните уредници, купувачите и блогерите од целиот свет веќе ги подготвија патничките торби и се упатија кон „големото јаболко“, за да го проследат овој голем моден настан. Она што е интересно е дека оваа година Њујоршката модна недела припреми неколку изненадувања.

 

 

1 . Помалку блогери во предниот ред

Големиот моден критичар Сузи Менкес, посочи минатата година во една од своите статии дека модната недела почнува да личи на циркус. И Кетрин Бенет од модната агенција IMG се согласува со тој факт и вели дека листата на медиумите треба да се скрати за 20%, а со тоа да се намали и бројот на блогери, на кои местото во првиот ред ќе им биде одземено. Сепак додава дека и доколку се намали нивниот број нема да биде страшно, бидејќи главната сцена каде сигурно нема да изостанат и ќе се појават во комплетен состав ќе биде улицата, така да ништо не е изгубено. Се мора да биде во согласност со модните стандарди, правила и принципи.

 

 

2 . Plus-size модели на пистата

Ако минатата сезона модната недела помина во знакот на моделите со различна етничка и расна припадност, оваа година ќе биде во знакот на разноликоста во однос на пропорциите на моделите. Модната агенција IMG, пред почетокот на модната недела склучи договори со пет „plus-size“ модели, без притоа да создаде посебен оддел за нив, туку ги вметна на истата листа со нивните познати модели. Се шпекулира дека имињата на неколку „plus-size“ модели се веќе на кастинг листата на манекенки кои ќе земат учество на годинешната модна недела. Се разбира дека тоа ќе биде голем маркетинг и одличен потег на дизајнерите кои ќе се одлучат да вметнат дел од овие девојки во своите модни перформанси.

 

 

3 . Џејсон Ву ќе ја презентира својата прва колекција за Хуго Бос

ПР-тимот на Хуго Бос и Џејсон Ву, веќе ја разгори љубопитноста на присутните. Нивно тајно оружје е мини филмот „ This Is Boss“, каде главната улога ја игра британската манекенка Еди Кембел, а режијата им беше доверена на Инес ван Ламсверд и Винод Матадин. Официјалната премиера е закажана за 7-ми февруари, а Хуго Бос своето модно шоу го закажа за 12-ти февруари.

 

 

4 . Модната недела се префрла во Бруклин

Следејќи ги советите на Дајан Вриланд, дека модните видици треба да се прошируваат, Александар Ванг реши неговиот моден перформанс да го одржи во Бруклин во просториите на Линколн центарот. Тој ги придружува дизајнерите од  „старата гарда“, како Мајкл Корс, Дијан Фон Фурстенберг, Каролина Херера, кои изминативе сезони бараа други области во Њујорк каде можат да ги претстават своите колекции, а тоа да не биде традиционално иконскиот Брајант Парк. Кон оваа група дизајнери се приклучи и Џозеф Алтуѕара, кој најави дека и тој ќе бара нови локации.

 

 

5. Прво модно шоу на Марк Џејкобс откако ја напушти модната куќа Луј Витон

Официјалната причина за напуштање на Луј Витон, Џејкобс изјави дека е поради желбата да се фокусира на развој на сопствениот бренд. Токму поради тоа што сите кои на некој начин се поврзани со модната индустрија знаат како работи овој моден дизајнер, па со нетрпение се очекуваат двете ревии, првата на 12, а втората на 14-ти февруари.

 

 

6. Многу млади дизајнери и нови имиња

Заедно со модната недела, Линколн центарот ќе биде домаќин и на уште еден настан Made Fashion Week, на кој ќе учествуваат 28 млади дизајнери. И ова е настан кој треба со внимание да се проследи, бидејќи тоа е можност да се видат луѓето кои во наредните десет години ќе владеат со модниот свет и ќе ги диктираат новите модни трендови.

 

 

Објавено:
6 февруари 2014
Категорија: 
Актуел