Ботега Венета го освојува Милано

28 септември 2013

 

На простор кој опфаќа повеќе од 1000 метри квадратни, на два ката, каде е изложен целиот асортиман на производи на овој бренд кој на своите клиенти реши да им понуди сосема поинакво шопинг искуство. Ботега Венета, како и Џил Сандер го одбраа модниот кварт на улицата Сант Андреа во Милано, како свое ново модно катче на задоволство на сите почитувачи на овој бренд. Совршено обликувани ѕидови, тапациран кожен мебел, волнени килими и меко осветлување со нежни тонови кои даваат еден контраст во внатрешноста на продавницата. Целиот ентериер е дело на креативниот директор на Ботега Венета, кој особено внимание посвети на осветлувањето и прозорците кои гледаат директно во внатрешниот двор во чиј центар царува преубава фонтана.

 

 

 

 

 

 

Објавено:
28 септември 2013
Категорија: 
Актуел