Стилски двобој: Иги Азалеа или Соланж Ноулс?

28 октомври 2013

Австралиската пејачка Иги Азалеа ја носеше оваа креација од Just Cavalli на модната недела во Милано. Изгледот го надополни со црни сандали на висока потпетица и едноставна нежна шминка.

Сестрата на светски познатата Бијонсе, Соланж Ноулс се појави во истата креација на премиерата на „Girls Premiere 2“ во Њујорк. Пејачката изгледот го надополни со црно – бели сандали од Ботега Венета и шарена клач чанта.

Според вас , на која пејачка подобро и стои креацијата од Just Cavalli?

Објавено:
28 октомври 2013
Категорија: 
Стилски двобој