Стилски двобој: Соланж Ноулс или Хајли Вилијамс?

19 јуни 2013

Смарагдно зеленото фустанче од Топшоп во винтиџ стил изгледа ги освои симпатиите на Соланж Ноулс, сестрата на светски познатата дива Бијонси и Хајли Вилијамс, вокалистката на групата Paramore.

 

Соланж Ноулс прва го носеше овој фустан на забавата на Mini Rooftop во Њујорк. Изгледот го комплетираше со плик чанта, црн ремен и гладијаторски сандали. Хајли Вилијамс на црвениот килим на доделувањето на Американските музички награди се појави со истото фустанче, но во малку порокерски стил, со искинати хулахопки и црна машна околу вратот како моден додаток.

Според вас, која од нив подобро го искобинирала овој фустан?

Објавено:
19 јуни 2013
Категорија: 
Стилски двобој